Што овозможува модулот?
Модулот за артикли е основата на системот. Од тука се води листата на производи и услуги, нивната организација, состојбата на залиха и документите што подоцна ги користат приемот, продажбата, фактурирањето и гаранциите.
- Листа на артикли со додавање, промена и бришење.
- Групи и подгрупи за јасна класификација.
- Нормативи со состојки и количини за составени артикли.
- Попис и корекции за усогласување на физичка и системска состојба.
- Лагер и корекција на состојба без задолжителен попис.
- Печатење тикети за артикли и подготовка на гаранциски модели.